Завршен Настан на Мрежи на ГО: Презентација на 5 Успешни Приказни за Развој на Граѓанско Општество во С.Македонија

0

Со задоволство го претставуваме и Ве покануваме на завршниот настан на мрежи на граѓански организации кој ќе се одржи на 30 март (вторник) 2021г. од 11:00 до 12:45 часот на ЗООМ платформа.

Цел на настанот е да го споделиме искуството од спроведените проекти на 5 мрежи на граѓански организации кои во рамки на програмата: Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на ГО“ ги унапредија своите капацитети за транспарентно и отчетно работење.

Програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“, ја спроведува Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центар за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС) , во периодот од 2018 до 2021 г. Програмата е финансирана од Европската Унија (ЕУ).

Ве молиме да го пријавите вашето учество на овој ЛИНК најдоцна до 29 март (понеделник) 2021 г. По регистрацијата, сите пријавени учесници ќе добијат ЗООМ линк пред почетокот на настанот.

Повеќе информации за настанот се достапни во Агенда и Покана за настан.

* Работен јазик на настанот е македонски.

За дополни информации обратете се на емаил: executiveoffice@balkancsd.net.

Share.

Leave A Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Translate »