Информативна сесија за Доделување на Грантови на Мрежи на Граѓански Организации

0

Во среда (6 ноември 2019 г) од 11 до 13 часот во просториите на МЦМС се одржа информативна сесија за отворениот Јавен повик до Мрежи на Граѓански Организации во Македонија за Доделување Грантови.

Пред присутните претставници на мрежи на граѓанските организации, беше презентиран јавниот повик за доделување на грантови на граѓански организации и програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓанските организации“ која ја спроведува Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС во соработка со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (CNVOS), во периодот од 2018 до 2021 г. Програмата е финансирана од Европската Унија (ЕУ).

Присутните претстаници беа запознаени со сите значајни податоци за повикот, како: целта на повикот, начинот на аплицирање, неговото времетрање, сите потребни документи (апликација и буџет). Настанот беше проследен и со прашања од пристутните претставници и нивни одговори.

Целокупниот износ на финансиски средства кој е на располагање во рамките на овој повик изнесува 22.000 евра.  Максималниот износ за кој може да се достави предлог-проект е 4.400 евра (270.600 МКД). Ќе се доделат најмалку 5 грантови.

Рокот за поднесување на апликацијата е 29 ноември 2019 г. најдоцна до 16 часот

Во прилог ви го доставуваме и документот со Прашања и одговори за Јавен повик за грантови за мрежи.

Сите дополнителни прашања апликантите може да ги поднесуваат на: executiveoffice@balkancsd.net до 25 ноември 2019 година.

**********************

Info Session for the Public Call for Networks of CSOs

On Wednesday (6 November 2019) at the premises of the MCIC occurred Info Session for the ongoing Public Call for Networks of CSOs.

On the presentation, the representatives were informed about the  most important details about the Call for Proposals, such as the goals, the application procedure, the necessary documents, etc.

BCSDN through the program “Sustainable Civil Society – State Financing of CSOs” announces a public call for grants for CSO networks. The program is implemented by the Macedonian Center for International Cooperation (MCIC) in partnership with BCSDN and CNVOS from Slovenia during the period 2018-2021. The program is funded by the EU. The objective of the call is to enable the capacity building of CSO networks for transparent and accountable work. The total amount of funds available for this call is 22,000 EUR. The maximum amount for which a project proposal may be submitted is 4,400 EUR (270,600 MKD). At least 5 networks of CSOs will receive a grant.

The event was followed by Questions and Answers session.

The deadline for application is 29 November until 16:00.

All necessary documents for the application procedure are available on this link.

Share.

Leave A Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Translate »