Презентацијa за Индексот за одржливост на граѓански организации 2019 за С. Македонија, 20.10.2020, 14h

0

Балканската мрежа за развој на граѓанско општество (БЦСДН) ќе одржи презентацијата и дискусија за Индексот за одржливост на граѓански организации 2019 за Северна Македонија на 20ти ноември 2020г. (петок) на платформата ZOOM, од 14:00 часот.

Индексот за одржливост за граѓанските организации за Централна и Источна Европа е издаден од УСАИД – Американската агенција за меѓународен развој, во партнерство со ФХИ 360 и Меѓународниот центар за непрофитно право (ИЦНЛ), и со локален партнер во сите земји кои учествуваат во спроведување на Индексот. БЦСДН го спроведува Индекост за Северна Македонија. Индексот ја испитува целокупната оддржливост на граѓанскиот сектор, фокусирајќи се на седум димензии: правна рамка, организациски капацитети, финансиска оддржливост, застапување, давање на услуги, инфраструктура на секторот и јавен углед. Извештајот дава увид во оцените за секоја од овие димензии, како и објаснувања на трендовите во земјата.

Извештајот за 2019 година нотира подобрување на целокупната одржливост на граѓанските организации, односно, беа забележани умерени подобрувања во речиси сите сегменти на одржливост. Извештајот може да го преземете на следниов линк.

      ПРОГРАМА

14:00 – 14:10 Вовед
Г-ѓа. Билјана Спасовска, Извршен директор – БЦСДН
14:10 – 14:30 Презентација на Индексот за оддржливост на граѓански организации 2019 за Македонија од авторките на извештајот:
Г-ѓа. Кристина Наунова, Г-ѓа. Емина Нурединоска, г-ѓа Билјана Спасовска
14:30 – 14:50 Дискусија за наодите и за престојниот циклус

Ве молиме да го потврдите Вашето учество на настанот до 19 ноември (четврток) на следниов линк.

Share.

Leave A Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Translate »