Јавен повик до Мрежи на Граѓански Организации за Доделување Грантови

0

Балканска мрежа за развој на граѓанско општество (БЦСДН) преку програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓанските организации“ објавува јавен повик за доделување грантови за мрежи на граѓански организации. Програмата ја спроведува МЦМС во соработка со БЦСДН и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС), во периодот од 2018 до 2021 г. Програмата е финансирана од Европската Унија (ЕУ).

Целта на овој повик е да овозможи зајакнување на капацитети на мрежите на  граѓанските организации за транспарентно и отчетно работење. Во своето работење мрежите на граѓанските организации се соочуваат со сè поголем притисок од страна на донаторите, членките и јавноста да покажат транспарентност и отчетност. Преку воведувањето на кодекси, внатрешни системи и процедури за добро управување, мрежите ќе обезбедат гаранција за своето работење кон своите донатори и крајни корисници. Дополнително, воспоставените внатрешни системи за добро управување ќе придонесат мрежите да бидат поефикасни и успешни во реализацијата на своите проекти и активности, како и да стекнат доверба кај пошироката јавност.

Целокупниот износ на финансиски средства кој е на располагање во рамките на овој повик изнесува 22.000 евра.  Максималниот износ за кој може да се достави предлог-проект е 4.400 евра (270.600 МКД). Ќе се доделат најмалку 5 грантови.

Рокот за поднесување на апликацијата е 29 ноември 2019 г. најдоцна до 16 часот. Апликациите доставени по овој рок нема да бидат разгледувани. Апликациите може да се достават по пошта исклучиво со препорачано писмо, по курир или лично на рака на следната адреса: Улица Македонија 43-1/9, 1000, Скопје (види ја локацијата на мапа).

Целосниот повик како и формуларите за аплицирање се достапни на следниве линкови:

Во прилог ви го доставуваме и документот со Прашања и одговори за Јавен повик за грантови за мрежи.

Сите дополнителни прашања апликантите може да ги поднесуваат на: executiveoffice@balkancsd.net до 25 ноември 2019 година.

*********************

BCSDN through the program “Sustainable Civil Society – State Financing of CSOs” announces a public call for grants for CSO networks in Macedonia. The program is implemented by the Macedonian Center for International Cooperation (MCIC) in partnership with BCSDN and the Center for Information, Cooperation and Development of Civil Society Organizations (CNVOS) from Slovenia. during the period 2018-2021. The program is funded by the European Union (EU). The objective of the call is to enable the capacity building of CSO networks for transparent and accountable work.

The total amount of funds available for this call is 22,000 EUR. The maximum amount for which a project proposal may be submitted is 4,400 EUR (270,600 MKD). At least 5 networks of CSOs will receive a grant.

Share.

Leave A Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Translate »