БЦСДН бара заинтересирани кандидати за позицијата Практикант/ка кој ќе ги поддржува програмските активности на Извршната Канцеларија на БЦСДН. Практикантот ќе извршува активности во рамки на проектот „Civic Space Monitor” имплементиран од Цивикус – Светска алијанса за граѓанско учество во соработка со регионални мрежи кои работат на прашања поврзани со јавниот простор. Поконкретно, практикантот ќе врши континуирано следење на состојбата со слободата на здружување, слободата на мирно собирање и слободата на изразување во земјите од Западен Балкан и Турција за двомесечни периодични извештаи и врз база на веќе утврдена методологија преку користење на различни онлајн алатки за пребарување на информации од интерес на локален јазик, истите ќе ги преведува на англиски јазик и уредно ќе ги документира.
Позицијата Практикант/ка е со флексибилно работно време, со почетен стаж од 3 месеци. Идеалниот/ата кандидат/ка задолжително треба да е тековен студент/ка или да има завршено високо образование во областа на политички науки, правни науки, новинарство и слично, и да има солидно познавање на англиски јазик и албански јазик/турски јазик, додека поранешно искуство во граѓанскиот сектор/со проекти поврзани со јавниот простор, ќе се смета за предност.
БЦСДН е на фронтот на развојот на граѓанското општество во регионот, и може да му/и понуди на идеалниот/ата кандидат/ка одлична можност за понатамошно развивање на знаењето и вештините поврзани со оваа област.
Ако сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме испратете ја вашата кратка биографија (CV) и кратко мотивационо писмо околу тоа зошто Вие сте најсоодветниот кандидат/ка за оваа позиција на executiveoffice@balkancsd.net, најдоцна до понеделник, 29.08.2016, 16.00 часот. Ве молиме ставете “Апликација за Практикант/ка во БЦСДН” во полето за наслов. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на разговор. БЦСДН нуди еднакви можности за практикантство. Детален опис на работните обврски, вклучувајќи ги и потребните квалификации, е достапен во прилог.