Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (BCSDN) е мрежа на 12 граѓански и екуменски организации од 8 земји и територии во Југоисточна Европа (Албанија, Бугарија, Хрватска, Македонија, Романија, Србија (и Косово), Црна Гора.
Нашата визија
Одржлив мир, хармонија и просперитет на општествата во Балканскиот регион.
Нашите вредности
- почитување на универзалните човекови права и правата на сите граѓани и граѓанки од сите националности, религии и култури; - развој на плуралистичка и партиципаторна демократија; - социо-економски развој и културен просперитет; - социјална кохезија, интеграција и хармонија; - грижа за животната средина и одржлив развој; - социјална правда и еднаквост; - почитување на разликите и ненасилството
Нашата мисија Зајакнување на граѓанското општество преку размена и развој на домашни пракси, концепти и оспособување на актерите во граѓанското општество.
Нашите цели и задачи 1. да се зголеми комуникацијата со актерите на граѓанското општество во регионот, како основа за би/мултилатерална соработка;
2. да се зголеми мобилизацијата на ресурси и поддршка;
3. да се зголеми знаењето и вештините како основа за повисок квалитет на нашата работа;
4. да се промовира интеркултурна размена и култура на размена на ресурсите како основа за ефикасна / ефективна мрежа.
Нашите активности Во периодот 2004-2007 година мрежата ќе се насочи кон тематска соработка преку три заеднички приоритетни теми: - ЕУ финансирање, лобирање и застапување; - мобилизација на ресурси и поддршка; - обука и консултантски стандарди и етика
преку формирање на Работни групи на специфични теми: - жени и спречување на трговијата со жени; - корпоративна социјална одговорност и борба против корупцијата; - децентрализација; - дијагонални практики.
Активностите на погоре наведените теми опфаќаат обуки, размена/изложеност, работилници, веб страница, база на податоци со ресурси, неделни вести по електронска пошта, билтен, публикации итн. Со цел да се зајакнат капацитетите и вештините како и соработката, размената на информации и платформа за дејствување во овие области. Исто така, ќе бидат промовирани и активности кои ќе ја унапредат интеркултурната размена и размената на ресурси, како речник на граѓанското општество, размена на студии на случај и регионални посети.
Активностите кои треба да се спроведат во 2006-7 се: - скроените активности за градење на капацитетот ќе обезбедат развој на капацитетите чекор по чекор, вештини и знаење за вмрежување, мобилизација на ресурси и поддршка: o обука за вмрежување и градење партнерство; o обука за мобилизација на ресурси o обука за медиуми o обука за граѓански дијалог o размена на активности и најдобри практики преку мали грантови o студиски посети o обука на работното место o помош o завршна работилница
- размена на информации: o централна интернет страница на БМРГО достапна на сите регионални јазици o база на податоци за пребарување на партнерските проекти o неделни вести преку електронска пошта o водичи на регионалните јазици на теми покриени со обуките
Повеќе информации за конкретниот распоред на активностите се достапни во делот Настани.
Структура Балканската мрежа се состои од партнерски организации, кои имаат еднакви права и должности како членови на мрежата. Главни работни принципи во мрежата се принципот на соработка, толеранција, дијалог и почитување на другите. Мрежата се состои од Управувачка група, Централна група, Работните групи и Секретаријатот.
Управувачката група е составена од директори или постари преставници на партнерските организации и се состанува еднаш годишно (секоја пролет) за да продискутира за управувањето и стратегијата за работа. На секој состанок се применува принципот на ротирачко претседателство.
Централната група се состои од лица за контакт од партнерските организации и се среќава еднаш годишно (секоја есен) за да ги координира конкретните активности.
Работните групи се тематски механизми за соработка на специфични прашања и теми. Секој партнер може да иницира, предводи или да и се приклучи на било која Работна група.
Секретаријатот, што во моментов е сместен во Македонскиот центар за меѓународна соработка во Скопје, Македонија, управува со дневните активности и координација на мрежата.
Критериуми за членство - работа на зајакнување/ развој на граѓанското општество во Балканскиот регион (дефиницијата на Балканот ги вклучува: Албанија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Македонија, Романија, Србија (вклучувајќи го Косово), Црна Гора како и Грција, Словенија, Турција и Молдавија); - придонесуваат за зајакнување на граѓанското општество преку активности како градење на капацитетот и застапување; - легално регистрирани граѓански организации.
Организациите членки се согласуваат дека подвлечената функција на критериумите за членство е да се има ажурни и активни членови. Затоа секоја организација која не учествува на два последователни состаноци на Управувачката група нема да се смета за член на мрежата.
Процес на членство - израз на интерес; - прифаќање на визијата и мисијата на мрежата; - препораки од барем две организации членки на мрежата.
Новите членки се прифаќаат со просто мнозинство од гласовите на сите членки кои биле присутни на состанокот на Управувачката група.
Членството во БМРГО го поддржува принципот на партнерско споделување на трошоците, што се применува во координациските активности т.е. покривање на трошоците за учество на состаноците на Управувачката група.
Историја BCSDN беше формирана по иницијатива на Мрежната програма за градење капацитети, дел од една поширока иницијатива наречена SSC Југоисточно европско екуменско партнерство. Со спојување на црквите, екуменските и граѓанските организации, оваа иницијатива имаше за цел да ја промовира нивната координација и соработка. Мрежната програма за градење капацитети беше насочена кон зајакнување на поединците/ персоналот и организациските капацитети и вештини на вклучените агенции.
Иницијалната пилот програма траеше од 2001 до2003 година, во која се одржаа 5 посети на држави, придружени со извештаи, 3 партнерски состаноци, 5 обуки, 7 посети на размена и консултации, а беа објавени и именик за веб обуки и адресар. Затоа, Балканската мрежа за развој на граѓанското општество беше формирана во декември 2003 година како резултат на успешната соработка во јакнењето на капацитетите на партнерските организации.
Информациски леток - англиски
Информациски леток – француски
Информациски леток – германски
Адреса на Секретаријатот Македонски центар за меѓународна соработка ул. Никола Парапунов бб, П.Фах 55, 1060 Скопје, Македонија Тел. + 389 (0)2 30 65 381 лок. 184 Факс + 389 (0)2 30 65 298 Е-маил: secretariat@balkancsd.net thf@mcms.org.mk Координатор: Тања Хафнер Адеми
|