As part of the Global Standard for CSO Accountability project, and the project “Promoting Civic Space: Duties and Participants” supported by Civica Mobilitas, BCSDN provided a translation of the Global Standard in Macedonian and Albanian language.
Во рамки на проектот Глобален стандард за отчетност на граѓанските организации и проектот „Заштита на граѓанскиот простор“ поддржан од Цивика Мобилитас, Балканската мрежа за развој на граѓанско општество го преведе на македонски јазик Глобалниот стандард, чија цел е подобрување на практиките за отчетност на граѓанскиот сектор.
Целта на Глобалниот стандард за отчетност на граѓанските организации е да се претставни еден динамичен пристап кон отчетноста на начини кои ја зајакнуваат ефективноста, поврзаноста и кредибилитетот на граѓанските организации (ГО). Глобалниот стандард вклучува 12 заложби и соодветни клучни активности кои ГО ветуваат дека ќе ги остварат и врз основа на кои може да се определи нивната одговорност. Кога ќе се исполнат овие заложби, граѓанските организации ќе воспостават поблиски врски со засегнатите страни, постојано подобрувајќи ги нивните перформанси, градејќи доверба во овие турбулентни времиња на стеснување на граѓанскиот простор, зајакнувајќи го нивното индивидуално и колективно влијание, и подобрувајќи го нивниот придонес кон Целите на одржлив развој,
Целиот документ можете да го преземете тука. Како дополнителни материјали, можете да ја преземете и „динамичната коцка“ и кратката брошура.
Тимот на Глобален стандард е желен да учи и да ја подобрува својата работа. Затоа, сакаме да ве
поттикнеме да ни ги испратите вашите коментари на feedback@csostandard.
org. За повеќе информации и комплетната листа на организациите кои го развија Глобалниот
стандард, како и други релевантни ресурси и документи во подготовка, ве молиме посетете ја веб
страната: www.csostandard.org.